Поскапуваат горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Поскапува дизелот