Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Од:

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, ги отфрли извештаите дека е пропаднат договорот за испорака на руско дизел гориво во Соединетите Држави, тврдејќи дека танкерите наменети за американскиот пазар го продолжуваат своето патување кон крајната дестинација.

– Лажни вести. Танкерите што се упатиле кон САД продолжуваат по планираната рута, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.

Тој одговори на напис објавен на 4 ноември во британскиот весник „Фајненшел тајмс“ (*Financial Times*), во кој се наведува дека договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за испорака на дизел наишол на потешкотии, бидејќи два од првите три танкери го промениле курсот.

Според „Фајненшел тајмс“, танкерот „Талисман“ (*Talisman*) навлегол во Средоземното Море и моментално се наоѓа кај брегот на Алжир, додека бродот „Леру“ (*Leroux*) ја променил дестинацијата и сега се упатува кон Бразил.

Третиот танкер, „Агиои Фанендес“ (*Agioi Fanendes*), го продолжил патувањето кон Њујорк, иако крајното пристаниште за истовар сè уште не е потврдено. Весникот исто така наведува дека уште еден брод, „Бист“ (*Beast*) – кој натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври – исто така се упатува кон американскиот брег. Според британскиот весник, промената на курсот кај два од танкерите фрла сомнеж врз спроведувањето на договорот меѓу Москва и Вашингтон. Како можни причини се наведуваат правни пречки и прашања поврзани со санкциите, како и претпазливоста кај американските купувачи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 5 ноември изјави дека испораките на руско дизел гориво веќе се реализирани и дека горивото ќе најде купувачи. Тој нагласи дека не можат да се откријат дополнителни детали, бидејќи станува збор за комерцијални трансакции.

„Дизелот ќе си најде купувачи“, рече Песков, без да даде дополнителни информации за количините, купувачите или крајните дестинации на пратките. Руски танкери што превезуваат дизел испловија кон САД на 23 октомври. Во тоа време, рускиот заменик-премиер Александар Новак најави дека руските компании би можеле да извезат 500.000 тони дизел во текот на октомври, како дел од договор за снабдување на американскиот и на глобалниот пазар.

Договорот за испорака на руско дизел гориво беше објавен на почетокот на октомври, при што Трамп изјави дека се очекува Русија да испорача неколку стотици илјади тони од ова гориво, а дополнителни количини се очекуваат во ноември.

Би можело да ве интересира

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ