(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“

Од:

Најмалку 26 лица загинаа при руско бомбардирање на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во селото Комишуваха. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот во јужниот регион Запорожје како „апсолутно ужасен“. Регионалниот претставник Михајло Семикин изјави дека пет лица се повредени, а 27 првично се воделе како исчезнати, откако најмалку девет авионски бомби – со вкупна тежина од 3.000 килограми – паднале врз селото, пренесува Би-Би-Си.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека по првичниот удар врз локално училиште, кое се користело за хуманитарни цели, уследил втор напад врз локацијата каде што луѓето побарале засолниште. Тој исто така објави снимка на која се гледа огромен кратер настанат од нападот во понеделникот, додека спасувачките екипи пребаруваат низ урнатините. Руската војска не даде официјален коментар.

Зеленски првично извести за 18 жртви, но Државната служба за вонредни состојби на Украина подоцна потврди дека загинале 24 лица, меѓу кои двајца спасувачи и четворица полицајци. Во видео-обраќање во понеделникот вечерта, Зеленски потврди дека бројот на загинати се искачил на 26.

Претходно, Зеленски изјави: „Русите мора да знаеле дека локалните жители кои останале во Комишуваха, секој понеделник таму добиваат хуманитарна помош. Ова е дополнителен доказ дека Русија не сака никаква деескалација“. Тој посочи дека, по неодамнешната успешна заедничка руско-украинска операција за евакуација на цивили од окупираниот град Олешки, постоел момент кога се чинело дека следните чекори би можеле да покажат оти мирот е можен.

Таа операција беше спроведена за време на привремен прекин на огнот, посредуван од првата дама на САД, Меланија Трамп.

„Со вакви убиства, Русија испраќа сосема спротивна порака – Русија смета на понатамошни убиства“, рече Зеленски.

Регионалниот претставник Семикин го опиша нападот како „ужасна трагедија“ за селото и потврди дека луѓе сè уште се заробени под урнатините. Спасувачките екипи работат на терен, но неколку пати морале да ги прекинат операциите поради напади со руски беспилотни летала во таа област.

Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Мировните преговори меѓу тимови од Украина, Русија и САД треба да продолжат следната недела во Абу Даби. Ова на платформата X го објави Стив Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Откако преговорите прекинаа во февруари, Москва ги засили нападите, додека Киев практично остана без западни системи за ракетна одбрана. Не се очекува значителен напредок од овие преговори.

Виткоф изјави дека фокусот ќе биде ставен на „безбедносните аранжмани по војната, деескалацијата, хуманитарните напори и натамошните чекори кон мир“. Тој додаде дека американските преговарачи оваа недела во Брисел ќе се сретнат и со претставници од Европа и НАТО.

Би можело да ве интересира

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри