Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Од:

Иранските претставници ги напуштиле преговорите со катарските посредници за завршување на војната со Соединетите Американски Држави, изјави функционер запознаен со разговорите. Тој додаva дека во оптек е нацрт-предлог за договор и дека е можно одржување на уште една средба.

Преговарачите заминале вчера, но не поради проблеми во текот на разговорите, рекол функционерот, без да даде дополнителни детали за нацрт-предлогот.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека основа за преговорите е иранскиот план од седум чекори, предложен во септември, за повторно отворање на Ормускиот Теснец и прекин на американската поморска блокада. Техеран сега тврди дека планот би можел да се спроведе во пократок рок доколку биде постигнат договор.

Портпаролот Есмаил Багеи изјави дека заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади престојува во Доха со цел да ја олесни размената на пораки со Вашингтон преку катарските посредници.

„Нашите барања се многу јасно и транспарентно формулирани. Тие се разумни и логични. Не може да се иницира конечен договор, ниту повторно да се отвори или обезбеди Ормускиот Теснец ако не заврши американската поморска блокада, ако не се почитуваат барањата на Иран и не се задоволат неговите легитимни потреби“, изјавил Багеи.

Катарската телевизија „Ал Џезира“ во саботата го цитираше иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кој изјави дека Ормускиот Теснец би можел да биде отворен во рок од два дена доколку биде постигнат договор, наместо првично предвидените седум дена.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го одби предлогот на Иран.

Најновите преговори се одржуваат во услови на загриженост дека конфликтот повторно би можел да ескалира по изборите за Конгресот во САД.

На прашањето за ставот на Техеран кон претстојните избори, Багеи одговорил дека Иран не очекува изборите „да родат нови САД“.

Трамп изјави дека САД нема да започнат нови напади врз Иран пред завршувањето на изборите и дека преговорите со Техеран биле продуктивни, но не ја исклучи можноста за понатамошна воена акција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Избори во САД: Гласачите одлучуваат за политичката моќ на Трамп

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите