Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за мировен договор со кој војната би била замрзната долж сегашната линија на контакт.

Сепак, Зеленски додаде дека Украина нема да прифати да признае дека „територијата што е привремено окупирана е руска територија“.

„Подготвени сме да ја запреме оваа војна што е можно поскоро“, изјави Зеленски во интервју за „ABC News“.

На прашањето дали би бил подготвен да се откаже од 25 отсто од украинската територија како дел од договорот, Зеленски одговори негативно, објаснувајќи дека руските сили окупирале помал процент од територијата на земјата.

„Кога некој зборува за 25 отсто, тоа значи дека треба да живееме без целиот Донбас и дека тие (Русите) ќе контролираат 25 отсто. Во моментов контролираат 19,3 отсто“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател повтори дека Украина нема да прифати да ја признае привремено окупираната територија како руска, додавајќи дека слушнал такви предлози.

Во интервјуто, Зеленски повторно истакна дека ограничувањата за „Старлинк“ остануваат во сила.

Тој, исто така, изјави дека Украина во изминатите 90 дена добила 24 ракети „Патриот“ од својот стратешки партнер.

На 21 октомври во Санкт Петербург се одржа средба меѓу специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и рускиот претседател Владимир Путин. Средбата траела околу три часа.

Разговорите во Русија се одржаа еден ден откако Виткоф се сретна со Зеленски и со лидерите на Норвешка и Финска во Осло.

Путин изјави дека Москва е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори меѓу САД, Украина и Русија во првите десет дена од ноември. Но Русија за разлика од Зеленски инсистира на заземање на цел Донбас и признавање на освоените територии од Европа и од Украина како руски.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија