Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје, бидејќи тоа – според Зеленски – би можело да го чини губење на неговите сојузници.

– Не мислам дека тие (Русите) ќе ризикуваат употреба на нуклеарно оружје, бидејќи тогаш сигурно нема да им останат никакви сојузници – во тоа сум убеден, изјави Зеленски во подкастот „The Diary of a CEO“ („Дневникот на еден извршен директор“), пренесува „Укринформ“.

Тој истакна дека употребата на нуклеарно оружје, дури и само еднаш, би отворила можност за негова примена и во други конфликти – сценарио што тој го опиша како катастрофално.

„Токму затоа верувам дека Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“, наведе Зеленски.

Во јуни, украинскиот Центар за борба против дезинформации, кој функционира во рамките на Советот за национална безбедност и одбрана, објави дека рускиот режим ги засилил своите нуклеарни закани. Како пример, Центарот наведе напис во весникот „Росијскаја газета“, во кој отворено се заговара употреба на тактичко нуклеарно оружје на бојното поле – конкретно за пробивање на одбраната на украинските сили.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски