Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Од:

Португалската полиција во вторникот се судри со демонстрантите кои бараат решавање на станбената криза, а во утринската акција во Лисабон беа приведени неколку десетици лица.

Граѓаните протестираат поради вртоглавиот раст на цените на становите и трошоците за домување, следејќи го примерот на сличните протести во соседна Шпанија, каде што во центарот на Мадрид со недели се поставуваат шатори.

По саботниот протест во Лисабон, на централниот плоштад Росио беа оставени неколку десетици шатори. Во вторникот наутро полицијата започна акција за нивно отстранување, но демонстрантите формираа човечки синџир, по што дојде до судири.

Протестантите ја обвинуваат владата дека не презема доволно мерки за решавање на станбената криза и дека се обидува да протурка реформи на пазарот за изнајмување, вклучително и олеснување на иселувањето на станарите. Според нивните наводи, околу 30 учесници биле повредени и приведени за време на акцијата.

Дел од демонстрантите најавија дека во текот на денот повторно ќе се обидат да постават камп во центарот на градот, каде што беа распоредени засилени полициски сили.

Во Порто, каде што протестното движење започна овој месец, демонстрантите сами го отстранија својот камп по заканите дека полицијата ќе интервенира. Сè поголемото незадоволство поради високите трошоци за живот предизвикува стравувања дека протестите би можеле да ескалираат и во други европски земји.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Маѓар за насилството во Франција: Затоа Унгарија не попушта по прашањето за миграцијата

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: Илјадници демонстранти бараат оставка од Рама, полицијата употреби солзавец и водени топови

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Горан Наумовски