Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата

Од:

Кандидатката на Националниот собир (RN) на претседателските избори во Франција, Марин Ле Пен, се огласи во неделата, еден ден по насилството што избувна за време на протестите против растот на трошоците за живот.

„Вчера ги видовте нашите градови, нашите улици, нашата земја измачени, малтретирани и опустошени. Живееме во длабока криза на доверба и авторитет, која претставува закана за демократијата. Оваа состојба мора да нè загрижи. Нашата земја е заробена меѓу насилството и немоќта“, порача Ле Пен на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Таа остро ја критикуваше актуелната власт, опишувајќи ја како „власт на Макрон на крајот од силите, исцрпена и дезориентирана“.

„Авторитетот на државата е доведен во прашање. Републиката е погодена. Ја плаќаме цената на децениското откажување“, изјави Ле Пен.

Таа нагласи дека незадоволството на граѓаните е оправдано, но одговорноста за насилството ја префрли врз левицата.

„Милиони Французи се лути, но не кршат и не ограбуваат. Непокорена Франција и нејзините ограноци се општествени пиромани кои на еден проблем му додаваат уште еден“, рече Ле Пен, алудирајќи на левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI).

Уште во саботата вечерта, Ле Пен на Икс напиша дека, според неа, учесниците во нередите со грабежи, уништување имот и напади врз полицијата повторно ги засениле протестите за заштита на куповната моќ на граѓаните. Таа ја обвини радикалната левица дека повторно ги злоупотребува оправданите социјални барања на граѓаните.

Француската влада во меѓувреме се соочува со сè поголеми критики за начинот на кој реагираше на настаните во саботата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин