(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Од:

Пожар избувна денес на универзитетот во францускиот град Руен и уништи голем дел од фасадата и покривот, објави RTL. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како фасадата на зградата гори.

Пожарникарите беа известени за пожар во зградата на Филозофскиот факултет, лоцирана во Мон-Сен-Ењан, а пожарот е изгаснат два часа подоцна.

На лице место беа испратени околу 50 пожарникари и 30 возила.

Започната е истрага за да се утврди причината за пожарот, кој, според првичните сознанија, бил предизвикан намерно. Извор близок до истрагата изјави дека пожарот започнал во куп ѓубре во близина на влезот на зградата. Според RTL, засега не е утврдена никаква поврзаност со протестите што денес се одржаа во неколку француски градови.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани