Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека припадниците на јеменското бунтовничко движење Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, се „однесуваат многу лошо“, при што напомена дека „можеби“ ќе побара од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да интервенира и да ги поддржи интересите на Саудиска Арабија.
– Мислам дека претседателот Ердоган би го направил она што би го побарал од него, им рече Трамп на новинарите, пренесува Ројтерс.
Хутите, кои уживаат поддршка од Иран, се борат против јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија уште од 2014 година, но конфликтот се интензивираше откако САД започнаа осуммесечна војна против Иран, забележува агенцијата.
