Шестмина полицајци се суспендирани по бруталното насилство врз двајцата млади од Сарај. Институциите реагираа во рекордно време и против нив се поведени дисциплински постапки. Случајот не остана без одговор. МВР го заврши својот дел од работата, а натамошната постапка ја води Обвинителството. За полициското насилство нема место во нашата држава. Униформата служи за да го заштити граѓанинот, а не за да го тепа. Ниту едно сомнение не го оправдува насилството врз граѓанинот, велат од ВЛЕН.
– Но, штом се појавија снимките, албанската опозиција се обиде насилството врз двајцата млади да го претвори во политичка пресметка. Почнаа обвинувањата, пропагандата и обидите на случајот да му се даде етнички предзнак. Суспензијата на шестмината полицајци е доказ дека системот функционира. Ова е победа на интегритетот над манипулациите. Победа на здравиот разум над обидите за разгорување меѓуетнички тензии.
А сега, бидејќи ДУИ ја побара и мојата оставка, имам неколку збора да ви кажам. Вам, на кои јазикот секогаш ви е подготвен за клевети и пропаганда. Дваесет години бевте на власт. За време на вашето владеење се случија ужасни настани, многу од нив поврзани со постапувањето на полицијата и правосудните институции. Настани што Албанците не ги забораваат. Не се заборава „Сопот“, каде што ги оставивте луѓето да скапуваат по затворите. Не се заборава палењето на албанските дуќани, додека вие и натаму седевте како декор во власта. Не се заборава „Монструм“, ниту навредувањето на Албанците со зборовите „индијанци“. Не се заборава смртта на Реџаил Ќерими во затвор. Не се заборава убиството на Харун Алиу. Не се заборава ниту убиството на Џемаил Реџепи, велат од партијата.
