(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Од:

Француското обвинителство покрена истрага против припадници на комуналната полиција во градот Каркасон, на југот на Франција, откако локалниот весник „Миди Либр“ објави снимка од нивната ноќна патрола од ноември 2025 година, на која се слушаат расистички, мизогини и екстремистички коментари. Снимката трае околу шест часа, пренесува „Еуроњуз“. Полицајците, меѓу другото, ги навредувале мигрантите и припадниците на други раси, изнесувале теории за „замена на населението“ и разговарале за можноста за државен удар во Франција.

Според весникот, најголем дел од спорните коментари ги изнел водачот на патролата, 50-годишен поранешен падобранец, кој претходно, наводно, бил поврзан со безбедносните структури на крајнодесничарското Национално обединување (РН).

Градските власти на Каркасон ги осудија изјавите како неприфатливи, додека обвинителството потврди дека полицајците се суспендирани и дека им се одземени полициските овластувања. Како причина е наведено дека повеќе не ги исполнуваат стандардите за интегритет неопходни за извршување на службената должност.

Според правни експерти, расистичките навреди изнесени во приватен разговор не мора нужно да претставуваат кривично дело, но за државните службеници можат да бидат тешка дисциплинска повреда, која во најтешки случаи може да доведе и до отказ.

Би можело да ве интересира

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

ВИДЕО: Полициски час во Париз и поголемите француски градови

Маѓар за насилството во Франција: Затоа Унгарија не попушта по прашањето за миграцијата

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Горан Наумовски