Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Од:

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата Денови на кочански ориз, се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.

Таа посочи дека тие изразуваат сериозно незадоволство и загриженост поради ниската откупна цена и неможноста да ги покријат производствените трошоци.

„Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Оризот што се откупува достигнува цена од само 16 денари за килограм, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка„ изјави Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката Каранфилова Пановска потсети дека во 2021 година, во времето на СДСМ, откупната цена на оризот изнесувала 42 денари за килограм.

Посочи дека сегашната цена не ги покрива трошоците на оризопроизводителите, кои се соочуваат со поскапување на нафтата, ѓубривата и механизацијата, додека недостигот од откуп дополнително ја влошува состојбата.

За да им се помогне на земјоделците во овој период на криза, СДСМ минатата недела поднесе закон во Собранието со кој предлага дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз. Целта е оризопроизводителите да обезбедат средства за следната сеидба.

Каранфилова Пановска предупреди дека без оваа поддршка, оризопроизводителите може да се соочат со неможност да ги посеат нивите следната година.

Таа ги повика владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат потребните средства за поддршка на оризопроизводителите и за продолжување на домашното производство на храна.

Би можело да ве интересира

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Русија лежи на богатство: Откриено колку вреди она што е закопано под арктичкиот мраз

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Предраг Петровиќ

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот