Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Од:

Советникот и зет на американскиот претседател, Џаред Кушнер, изјави дека Украина би можела да се повлече до границите што ги одредила Русија за да се постигне мировен договор, но дека Киев во моментов не сака да ги прифати руските услови.

Кушнер, говорејќи преку видеоврска на конференцијата за европската стратегија „Јалта“, одржана во Киев, изјави дека целта на Соединетите Американски Држави, како посредник во преговорите, е да помогнат во изнаоѓањето решение што ќе им одговара и на Москва и на Киев.

„Мислам дека постигнавме многу. Ќе продолжиме да работиме на сите овие елементи за кога ќе бидеме подготвени да постигнеме договори, да можеме и да ги спроведеме“, изјави Кушнер.

Украинската агенција УНИАН пренесе дека Кушнер на конференцијата рекол оти мировниот договор е речиси целосно постигнат, како и дека САД се надеваат на тристрани разговори за завршување на војната во Украина, но дека сè уште не е усогласена „заедничката визија меѓу страните“.

Кушнер наведе дека американскиот тим е задоволен од последната рунда разговори во Москва и Киев и дека се надева оти наскоро ќе биде одржан тристран состанок.

УНИАН, исто така, ја пренесе изјавата на Кушнер дека најтешкото прашање во решавањето на украинскиот конфликт и понатаму останува територијалното прашање.

„Најтешкото прашање, како и досега, останува територијалното. Мислам дека тоа до одреден степен очигледно е определено од она што се случува на бојното поле, каде што ситуацијата во тој поглед е прилично динамична“, изјави Кушнер.

Тој истакна дека доколку Украина сака да се повлече до линијата на Донбас, тогаш остатокот од договорот очигледно е веќе разработен и усогласен.

„Во моментов Украина не сака да го направи тоа. И, секако, нашата работа како посредник е да утврдиме како можеме да најдеме креативно решение што нема да биде спротивно на нивните желби и ќе им помогне да ја постигнат својата цел, а истовремено ќе ни овозможи да ја убедиме Русија да го прекине конфликтот на начин што, се надеваме, ќе им овозможи на двете страни да продолжат напред во рамки што ќе спречат нешто слично да се повтори во иднина“, наведе Кушнер.

Би можело да ве интересира

Путин го одби Зеленски

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата, можна историска владина улога за крајната десница

Хаос на нафтениот пазар: Дронови запалија саудиски нафтени постројки, загрозена главната извозна рута

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Што му понудија Кушнер и Виткоф на Зеленски?

А1он