Кралот Чарлс со писмо за Хари и Меган: Една работа им останува трајно забранета

Од:

Војводата и војвотката од Сасекс Хари и Меган Маркл нема да извршуваат официјални кралски должности ниту да учествуваат во државни протоколи по нивното враќање во Обединетото Кралство.

Ова е наведено во писмо испратено во име на кралот Чарлс Трети, со кое се прецизира статусот на принцот Хари и Меган Маркл откако минатиот месец со своите деца, Арчи и Лилибет, се вратија од Калифорнија.

Во писмото се потврдува дека двојката и понатаму нема да ги користи титулите „Негово и Нејзино Кралско Височество“. Документот, испратен во име на кралот од лордот Чембрлен, највисокиот функционер на кралскиот двор, ги опишува Хари и Меган како „приватни граѓани со комерцијални и добротворни интереси“.

Според извори од палатата, писмото било доставено до тимот на принцот Хари, до Владата, војската и до претставниците на кралот низ земјата. Во него се нагласува дека сите идни појавувања на Хари и Меган ќе бидат исклучиво од приватен карактер и дека двојката нема да го претставува британското кралско семејство.

Договорот од 2020 година останува во сила

Со писмото се потврдува и дека договорот постигнат во Сандрингем во 2020 година останува непроменет. Со него беше отфрлена можноста Хари и Меган да имаат хибриден статус – истовремено да развиваат приватни деловни активности и да извршуваат официјални должности.

„Општо е познато дека во јануари 2020 година војводата и војвотката се повлекоа од должностите што ги извршуваа во име на монархот и дека повеќе не се активни членови на кралското семејство“, се наведува во писмото.

Бакингемската палата со тоа потврди дека нивниот статус не е променет и дека нивниот хуманитарен ангажман претставува приватна активност.

„Добротворната работа на војводата и војвотката е нивна лична работа и тие ја извршуваат во приватно својство“, се заклучува во документот.

Би можело да ве интересира

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Фокландите повторно во центарот на спорот: Британските десничари се закануваат со војска

Фитнес центар, базен, уметнички студија, гурманска кујна – каде ќе учат децата на Хари и Меган?

A1on

(ВИДЕО) Го прашаа Путин дали Русија ќе гаѓа цели во Британија

Во Шефилд e пронајдено тело на новороденче, засега седум лица се уапсени

Горан Наумовски

Тензично во Ла Манш: Русија испрати вооружена придружба за руските танкери, Британците само ги следеа

Предраг Петровиќ