Фокландите повторно во центарот на спорот: Британските десничари се закануваат со војска

Од:

Британската десничарска партија Реформ УК би ги употребила вооружените сили и сите расположливи средства на државата за да ги одбрани Фокландските Острови од Аргентина, доколку дојде до конфликт околу оваа британска прекуморска територија, изјави високиот функционер на партијата Роберт Џенрик, оценувајќи дека нејзиниот лидер Најџел Фараж „би ја скршил Аргентина“.

Џенрик, кој во партијата е задолжен за финансии, на конференција изјави дека Фараж, доколку стане премиер, против Буенос Аирес би го употребил „секој инструмент на британската држава“, вклучително и економски санкции и воена сила, пренесува бриселски „Политико“.

„Доколку Најџел Фараж беше наш премиер, (аргентинскиот претседател Хавиер) Милеи немаше да го прави тоа што го прави. Тоа се случува затоа што Милеи е слаб и затоа што чувствува дека и ние имаме слаба влада“, рече Џенрик пред новинарите.

Велика Британија ја задржа контролата над Фокландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвински Острови, по 74-дневната војна со Аргентина во 1982 година, која започна со аргентинската инвазија на територијата.

На референдумот одржан во 2013 година, од вкупно 1.517 жители на островите, дури 1.513 гласале за останување во составот на британската прекуморска територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, минатата недела навести дека Вашингтон ја преиспитува својата поддршка за британскиот суверенитет над островите.

Неколку дена подоцна, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој е сојузник на Трамп, дополнително ја заостри реториката во врска со повеќедецениското барање на Аргентина за суверенитет над островите. Тој вети дека ќе воведе санкции за компаниите кои без одобрение од Буенос Аирес вршат истражување и експлоатација на нафта во нивна близина.

Британската лабуристичка влада веднаш ја отфрли заканата на Милеи.

Портпаролот на Даунинг стрит соопшти дека жителите на островите имаат право на самоопределување и дека Велика Британија го поддржува нивното право „да ги развиваат своите природни ресурси за сопствена економска корист“.

Би можело да ве интересира

Загина британски војник во Украина

А1он

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Кралот Чарлс со писмо за Хари и Меган: Една работа им останува трајно забранета

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

(ВИДЕО) Го прашаа Путин дали Русија ќе гаѓа цели во Британија

Во Шефилд e пронајдено тело на новороденче, засега седум лица се уапсени

Горан Наумовски