Фитнес центар, базен, уметнички студија, гурманска кујна – каде ќе учат децата на Хари и Меган?

Од:

Децата на принцот Хари и Меган Маркл, седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет, наскоро ќе го започнат своето образование во престижно приватно училиште во Велика Британија.

Според „Пејџ сикс“, годишната школарина изнесува повеќе од 35.000 долари за едно дете, што значи дека Хари и Меган за образованието на двете деца ќе издвојуваат над 70.000 долари годишно. Името на училиштето не е објавено поради безбедноста и приватноста на семејството.

Образовната установа располага со затворен базен, фитнес-центар, големи тревни и терени со вештачка трева, како и пристап до река каде што учениците можат да веслаат и да возат кајак.

Во рамките на училиштето има и уметнички студија, просторија за готвење, неколку научни лаборатории, голем театар и центар за музика и сценски уметности. На учениците им е достапна и гурманска трпезарија во која се служат појадок, ручек и вечера.

Арчи и Лилибет треба да тргнат на училиште оваа недела, откако семејството се врати во Велика Британија по шест години поминати во Калифорнија. Хари и Меган наводно планираат да се населат во областа Котсволдс, за да бидат поблиску до кралот Чарлс и до останатите членови на британското кралско семејство.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган се враќаат во Велика Британија

Горан Наумовски

Кралот Чарлс е бесен поради потегот на Хари: Не го почитуваше принципот

Принцот Хари сака да се смири со своето семејство

Принцот Вилијам гори од бес, има намера да им ги одземе титулите на Меган и Хари

Принцот Хари и Меган повикуваат на подобра заштита на децата на социјалните мрежи