Ирак негира банкрот: „Преземени се само превентивни мерки“

Од:

Централната банка на Ирак денеска ги негираше тврдењата за банкрот на банките, истакнувајќи дека воведувањето надзорни комисии или принудна управа во која било лиценцирана банка не значи дека таа е во стечај.

Сепак, од банката наведоа дека станува збор за превентивна регулаторна мерка чија цел е зачувување на стабилноста на банката, непречено работење и заштита на правата на депонентите.

Централната банка во соопштението наведе дека ваквите мерки ги презема во рамки на своите законски овластувања и улогата во заштитата на финансискиот систем и стабилноста на банкарскиот сектор.

Ирачката централна банка соопшти и дека, како што пренесува „Ал Џезира“, банкарскиот систем располага со доволно ниво на ликвидност за ефикасно работење и справување со евентуални притисоци.

Истакнато е дека се применуваат меѓународни банкарски стандарди со цел да се обезбеди усогласеност на банките со прописите и да продолжи обезбедувањето финансиски услуги, без да се загрозат правата на клиентите.

Централната банка наведе дека сите лиценцирани банки учествуваат во системот за осигурување на депозити, кој овозможува обесштетување на депонентите доколку некоја банка не е во состојба да ги намири своите обврски, во согласност со важечките закони.

Централната банка на Ирак на 3 септември воведе принуден надзор над Исламската банка „Ал-Тајф“ за инвестиции и финансирање.

Ирачките медиуми случајот со „Ал-Тајф“ го опишуваат како криза, односно тврдат дека воведувањето принудна управа предизвикало протести на депонентите.

Еден извор на порталот „Ултра Ирак“ изјави дека банката „Ал-Тајф“ се наоѓа во своевидна криза, додека друг извор навел дека до воведувањето надзор дошло по протестите на депонентите.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан: Трпението и солидарноста се темелите на отпорноста на Иран

Банкротираа илјадници компании во Германија

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

Иран изврши напади во северен Ирак