Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Од:

Израелската армија изврши повеќе воздушни напади врз јужен Либан, откако, како што тврди, либанското милитантно движење Хезболах лансирало две беспилотни летала со експлозив кон израелските сили во безбедносната зона, при што едното било пресретнато. За второто беспилотно летало не е наведено дали стигнало до целта.

Израелската армија соопшти дека изведува напади врз цели во јужен Либан како одговор на лансирањето на двете беспилотни летала. Според „Ал Џезира“, ова е вторпат за помалку од 24 часа Израел да изврши напади врз јужен Либан.

Израелската армија издаде итно предупредување до жителите на местото Араб Салим во јужен Либан да го напуштат подрачјето пред воздушниот напад врз цели на Хезболах.

Според дописник на „Ал Џезира“, израелските сили извршиле два воздушни напади врз местото Набатија ел-Фаука и неговата околина, како и врз подрачјето околу Кафр Руман, во јужен Либан.

Израелските сили, според истиот извор, извршиле воздушен напад и врз подрачјето Вади Салуки во јужен Либан.

Би можело да ве интересира

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени

(ВИДЕО) Ракети врз американски бази – Иран тврди: „Убија луѓе на свадба“

Горан Наумовски

Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно евакуиран“

Калибаф: Непријателот е поразен благодарение на нашето единство