Лавров: Западот не сака да го реши, туку да го замрзне конфликтот во Украина

Од:

Западот не сака да го реши украинскиот конфликт, туку да го замрзне, одржувајќи закана на границите на Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Зборувајќи на маргините на 11-от Источен економски форум во Владивосток, Лавров рече дека Западот сака оваа ситуација „да трае засекогаш“, објави Спутник.

„Тие велат дека борбите по линијата на фронтот, по линијата на контакт, мора веднаш да се запрат за да се спасат животи. И потоа, ова е исто така отворено кажано, ние, Западот, НАТО и Европската Унија, ќе распоредиме сили за стабилизација на преостанатата украинска територија. И потоа ќе ја гарантираме безбедноста на Украина во нејзината нова форма, не признавајќи дека Русите ги окупирале Донбас, Новорусија и Крим“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина