ЦУК извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 3 се под контрола, а 1 е изгаснат.
Активни пожари – 9:
Општина Ресен: с. Подмочани, место викано Макази (борова шума и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница – с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума);
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
Општина Боговиње: с. Урвич (нискостеблеста вегетација);
Општина Врапчиште: с. Градец (борова шума);
Општина Ново Село: помеѓу с. Барбарево и с. Стиник (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Струга: с. Долна Белица (стрниште);
Општина Кривогаштани: с. Ловени (ниска вегетација).
Пожари под контрола – 3:
Општините Гостивар и Македонски Брод: кај с. Трново (Општина Гостивар), кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија).
Изгаснат пожар – 1:
Општина Гази Баба: клучка Арачиново – Илинден (ѓубре).
______________
