Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Од:

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија. Потресот е почувствуван и во југозападните делови на Македонија.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот се наоѓал во Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил регистриран во 5:04 часот.

Потресот бил почувствуван во југозападниот дел на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on