Спречен е обид за атентат врз синот на Бенјамин Нетанјаху: „Иран се обиде да го убие“

Од:

Јаир Нетанјаху, 35-годишниот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, бил цел на ирански заговор за атентат додека бил во Флорида, објави американскиот медиум Newsmax, повикувајќи се на извор во американските безбедносни служби.

Извештајот е објавен еден ден откако Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју за провладиниот Канал 14 изјави дека „Иран го таргетирал еден од моите синови. Иран се обидел да убие, да ликвидира еден од моите синови“, објави Times of Israel.

Тој не прецизираше кој од неговите двајца синови бил цел, ниту пак даде дополнителни детали за наводниот заговор, но извор кој разговарал со Newsmax рекол дека израелската разузнавачка служба дознала минатиот декември дека Иран планира да го убие Јаир во Флорида.

Според изворот, разузнавачките служби веруваат дека ирански оперативци биле присутни во областа Мајами и дека ги следеле движењата на синот на Нетанјаху.

Во извештајот се наведува дека на Јаир му било наредено веднаш да ја напушти Флорида и да се врати во Израел.

Се додава дека тој заминал без да ги спакува своите работи и оттогаш постојано живее во Израел.

Би можело да ве интересира

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог