Зеленски: Украина нема време за евроскептицизам, ни требаат пари за да преживееме

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека земјата нема време за евроскептицизам, дека во земјата е постигнато единство по прашањето Украина да стане членка на ЕУ и додаде дека им е потребна поголема поддршка од Европа за да ги надминат сите финансиски предизвици.

– Украина нема време за скептицизам, ние сме во војна, разбираме и сфаќаме каква мора да биде Украина во иднина, рече Зеленски на заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со европскиот пат на Украина кон ЕУ.

Како што изјави, во Украина е постигнато единство по прашањето Украина да стане членка на ЕУ и дека не смеат да прават ништо што би го нарушило тоа единство.

„Ова единство ни дава сила, иако многу други лидери ми велеа дека нема да добиеме статус на кандидат, и покрај сето тоа, го добивме тој статус и се борам за него секој ден. И понекогаш може да изгледа толку далеку и толку недостижно, но ние ги остваруваме тие соништа. Постои единство во нашата земја и не смееме да го уништиме тоа единство. И постои единство во Европската Унија по многу прашања, не само по прашањето на војната“, рече Зеленски.

Како што изјави, ЕУ има и свои внатрешни прашања и има многу прашања што треба да се избалансираат.

„Сигурен сум дека сме на вистинскиот пат. Мора да направиме сè за да можеме да отвориме сè што сакаме, но мора да бидеме самоуверени и уверен сум дека можеме да го направиме тоа, без разлика што претстои“, рече украинскиот претседател.

Како што додаде, им е потребна поголема поддршка од Европа за да ги решат и да се справат со финансиските предизвици.

„Тоа беше позитивна одлука за околу 90 милијарди евра, а ние веќе им се заблагодаривме на лидерите на Европската Унија кои, колку и да беше тешко, најдоа можност да ја поддржат Украина со овие пари. Ова е нашиот опстанок. Кога зборуваме за тоа како некој може да ни помогне, ни требаат пари и ни требаат за да преживееме“, рече Зеленски.

Тој додаде дека е важно Украина да продолжи да ги добива овие пари и дека тие се неопходни за одбранбената индустрија за да може да произведува двојно повеќе отколку што произведува денес.

Зеленски рече дека Украина е благодарна на ЕУ за секој од 21-те пакети санкции и додаде дека тоа не е доволно.

Според него, најважно за Украина сега е да се одбрани од балистички ракети, но има стотици илјади компоненти во руските балистички ракети кои пристигнуваат во Русија буквално од секој континент, вклучително и од блиските партнери на Украина.

Зеленски додаде дека е важно да не ѝ се даде можност на Русија да заработува милијарди.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Србија и Украина можат да бидат партнери, наместо соперници, на европскиот пат, Зеленски нагласи дека двете земји се, пред сè, партнери.

„Ние сме партнери и за договорот за слободна трговија и за сите други работи за кои разговаравме со претседателот Вучиќ и вчера и денес, вистина е дека имавме исклучително искрени разговори, целосно искрени и отворени разговори“, рече Заленски.

Тој додаде дека во ова постои визија за партнерство и дека тоа е многу важно.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

(ВИДЕО) Пламнаа големи пожари во две големи руски рафинерии

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград

Тројца загинаa во напад со руски беспилотни летала врз регионот на Харков

Русија тврди дека погодила бродови со воена опрема наменета за Украина

Руска актерка e на украинската „црна“ листа како закани за националната безбедност