Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси

Од:

Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

– Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен и ќе имаме успешна набавка на автобуси. Се надевам дека искуствата од минатиот повик се поука и за компаниите да подготват добра и квалитена документација – изјави Никооски, одговарајќи на новнарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разглeдува евалуациска Комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет.

– Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста, рече Николовски.

Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце

КСОМ предупредува на незадоволство меѓу вработените во ЈСП

Поништена e јавната набавка за електрични автобуси

Катерина Ѓуровски

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините