Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Од:

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес.

Тој пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел нагласи дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки.

Според Маѓар, не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа не би било ниту праведно ниту прагматично.

Оцени дека е малку веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но порача дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“