ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Од:

Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси, велат од ВЛЕН.

– Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат. Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово.

ВЛЕН не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса. Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Валдет Џафери да објасни зошто правосудниот испит остана блокиран

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

Горан Наумовски

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Горан Наумовски