Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Од:

Поранешниот припадник на ОВК и сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПрес“, Фадиљ Пушкољи, бил приведен синоќа на граничниот премин „Блаце“, по што по полицискиот распит бил пуштен на слобода.

Танјуг првично објави дека Пушкољи бил уапсен врз основа на потерница издадена од Србија, додека косовскиот портал „Коха“ објави дека бил приведен при преминување од Косово во Македонија.

Пушкољи самиот информираше за случајот преку објава на Фејсбук, а подоцна објави дека е ослободен по разговорот и распитот во полиција.

„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша Пушкољи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Неколкумина уапсени на протестите во Хаг по пресудите против водачите на ОВК

А1он

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски

Судот во Хаг ја изрекува пресудата за Хашим Тачи во судењето за воени злосторства

Катерина Ѓуровски