(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

Од:

Утринава на обиколницата кај Загреб се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автомобил што се движеше во спротивна насока удри во друго возило со голема брзина, по што во него удри камион на шлеп служба.

Едно лице загина, а сообраќајот беше целосно запрен, поради што се создадоа колони долги неколку километри.

На видеото се гледа бел автомобил како со голема брзина се движи во спротивна насока на автопатот А3. Во следниот момент доаѓа до силен судир со возило што се движело правилно во својата лента. Делови од автомобилите и остатоци од ударот се разлетаа по патот.

Како што изгледа, по првиот судир, во автомобилот удри возило на шлеп служба и целосно го смачка, при што загина едно лице.

Полицијата во Загреб потврди дека се запознаени со информациите за возењето во спротивна насока, како и со постоењето на видеоснимката, но нагласија дека сè уште ги утврдуваат сите околности и точната динамика на несреќата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Во Клиника во Загреб за првпат е извршено продолжување на нога со примена на нов метод

А1он

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он