Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

Од:

Хезболах ги продолжи нападите врз северен Израел откако Израел ги таргетираше предградијата на Бејрут, соопшти денес израелската војска. Ракета испукана од Либан погоди област во близина на пограничниот град Кирјат Шмона, соопшти израелската војска.

Неколку ракети паднаа и во близина на израелски војници во јужен Либан, но нема извештаи за жртви. Израелските воздухопловни сили нападнаа цели во предградијата на либанската престолнина Бејрут како одговор на нападите на Хезболах врз северен Израел.

Војската соопшти дека целта бил команден центар на Хезболах. Според либански извори, најмалку три лица се убиени, а неколку други се ранети во нападите. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) потоа му се закани на Израел со одмазда, што би можело да доведе до понатамошни израелски напади врз Иран.

Би можело да ве интересира

„Лош договор!“ Израел со жесток удар по сојузот меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Гарибабади: Укинувањето на сите санкции врз Иран ќе биде приоритет за време на 60-дневните преговори

Израел му пркоси на Трамп: Договорот не важи за нас, нема да се повлечеме од Либан

Горан Наумовски

Договорен крај на војната: САД и Иран ќе потпишат мировен договор

Горан Наумовски

Трамп: Пуштете ја нафтата да тече, договорот со Иран е завршен

Горан Наумовски

Трамп бесен по израелскиот напад врз Бејрут: „Не требаше ова да се случи“

A1on