Путин го одби Зеленски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека „кратко го разгледал отвореното писмо“ од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое го поканува на директни разговори и нагласи дека во моментов не ја гледа поентата на таков состанок.

За време на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека писмото на Зеленски во кое тој предлага средба со Путин содржи „непристојни елементи“ и не изгледа како искрена понуда за разговори, објави РИА Новости.

„Писмото што го споменавте навистина содржи елементи на грубост. Што е тоа? Дали е тоа начин да се создадат услови за лична средба и преговори? Или создава средина во која е невозможно да се одржат какви било лични состаноци? Мислам дека е второто“, рече рускиот претседател.

Путин коментираше за вниманието посветено на неговата возраст во писмото и нагласи дека „возраста не е важна, туку компетентноста“.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста