Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
– Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР.
Трговскиот центар „Ист гејт мол“ беше за кратко евакуиран.
Дел од медиумите објавија дека евакуацијата се случила откако се активирал противпожарен аларм кај еден од закупците.
