Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Од:

Денис Буцаев (49) наводно успеа да ја напушти земјата откако бeше разрешен од позицијата заменик-министер за природни ресурси и се верува дека веднаш замина за САД. Руски заменик-министер стана првиот висок функционер кој избега од администрацијата на Владимир Путин откако наводно пребегнал во САД поради истрага за измама, објавува „Дејли меил“.

Тој бил отпуштен од премиерот Михаил Мишустин на 22 април. Се верува дека министерот заминал за Америка истиот ден, иако точниот датум на неговото заминување сè уште не е потврден.

Буцаев патувал преку Минск во Белорусија, потоа до Тбилиси во Грузија, а потоа во Америка. За време на неговото наводно бегство, тој очигледно успеал да ја избегне ФСБ.

Поранешниот министер бил принуден да избега поради широка истрага за корупција на високо ниво, објавува британскиот весник, повикувајќи се на „Москва тајмс“. Истрагата за измама наводно ги вклучува Буцаев и други високи функционери во Рускиот еколошки оператор – владина агенција што ја водеше до 2025 година. Сè уште не е јасно дали е формално обвинет.

Буцаев е првиот висок функционер во владата на Путин кој избегал. Извештаите потврдуваат дека тој не е под западни санкции.

Бегството доаѓа откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека знаел за американски шпион во Кремљ кој можеби ја предупредил Белата куќа за подготовките на Русија за војна во Украина пред февруари 2022 година. Сепак, нема потврдени извештаи или тврдења дека Буцаев е американски шпион.

Во исто време, влијателната про-Кремљ инфлуенсерка Викторија Боња, која има 13 милиони следбеници, упати директно предупредување до Путин за економската криза. Во 18-минутно видео обраќање, таа му рече на рускиот претседател дека народот е подготвен да „пукне“.

„Луѓето се плашат од вас. Обични луѓе, блогери, уметници, гувернери – сите се плашат од вас“, рече таа со ретко критички тон. Иако претходно го поддржуваше Путин, Боња (46) тврди дека лидерот на Кремљ добива лажни извештаи од службеници и нема вистинска претстава за тешкотиите со кои се соочуваат Русите.

Нејзините критики се согласуваат со ставовите на експертите кои велат дека Путин се опкружил со луѓе кои само му се додворуваат и се премногу заплашени за да му се спротивстават.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија нема да дозволи Западот да си ја закопа главата во песок

Песков: Намалувањето на руската понуда на нафта ќе доведе до уште поголемо зголемување на светските цени

Горан Наумовски

Захарова: Финансирањето на тероризмот стана традиција во модерна Европа

Нечаев: Русија е подготвена за дијалог

Волкер: Русија не е во можност да постигне пресврт во Украина

Две лица се убиени во руското гранатирање на Херсон