Захарова: Финансирањето на тероризмот стана традиција во модерна Европа

Од:

Финансирањето на тероризмот стана традиција во модерна Европа, која ги игнорираше неподготвеноста на Киев да ја истражи трагедијата во Домот на синдикатите во Одеса, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Трагедијата во Домот на синдикатите во Одеса се случи на 2 мај 2014 година, кога 48 лица загинаа лица, претежно проруски активисти кои се засолнаа таму по уличните судири со проукраинските демонстранти.

На годишнината од трагедијата, Захарова во изјава на веб-страницата на министерството изјави дека украинските власти очигледно не се грижат за завршување на истрагата за околностите на пожарот, и покрај ветувањата дека ќе го сторат тоа, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина