Лавров: Секогаш сме отворени за контакт со американската страна по прашањето за Украина

Од:

Москва е секогаш отворена за контакт со американската страна во врска со решавањето на војната во Украина, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Секогаш сме отворени за контакти. Тие ја знаат нашата позиција. Покрај тоа, ја слушнаа во Алјаска. Таа беше изнесена како одговор на нивниот предлог. Сигурен сум дека преговарачкиот тим, господата Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, сигурно не го заборавиле тоа“, рече Лавров, како што објави Спутник.

Лавров оцени дека е важно САД што поскоро да најдат решение за иранската блокада на Ормутскиот теснец, по што треба што поскоро да ја решат и украинската криза.

Би можело да ве интересира

Зеленски подготвува голема чистка – на удар се моќни функционери

А1он

„Њујорк тајмс“: Русија може да започне мировни преговори во 2028 година

Украински напад врз Белгородската област: Шест цивили се убиени, едно дете е повредено

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Русинка е осомничена за атентатот на пребегнат командант: Поставила бомба во канта за отпадоци

Горан Наумовски