ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Од:

Амбасадорите на земјите од Европската Унија (ЕУ) денес го одобрија исплаќањето на заем од 90 милијарди евра за Украина и нов пакет санкции за Русија, откако Унгарија го укина ветото, објави кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, а конечната потврда од земјите-членки се очекува до четврток.

Пречката беше отстранета откако унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека добила известување од Укртранснафт, украинскиот оператор на нафтоводот Дружба, дека денес напладне почнала да прима сурова нафта од Белорусија и дека првите пратки сурова нафта по рестартирањето на украинскиот дел од цевководниот систем се очекува да пристигнат во Унгарија и Словачка најдоцна утре.

ЕУ го одобри заемот минатата година за да ја обезбеди финансиската ликвидност на Украина во 2026 и 2027 година, но Унгарија ја блокираше одлуката.

Би можело да ве интересира

Новинарот кој откри дека Владимир Путин имал љубовница почина на бизарен начин

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Знаеме за секоја фабрика во Белорусија што работи за Русија и за војната

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел