Кац му се закани на Касем: Ќе платиш со глава

Од:

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека лидерот на Хезболах, Наим Касем, ќе „плати со глава“ за нападот врз Израел.

Зборувајќи на планината Херцл за време на годишната церемонија во чест на паднатите војници, Кац рече дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наредиле на Израелските одбранбени сили да „дејствуваат енергично, дури и за време на прекин на огнот“, за да ги заштитат израелските војници во Либан од каква било закана, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој нагласи дека Израел ја смета безбедноста на населението на северот од земјата за „клучен приоритет“, вклучително и дејствувањето против заканите северно од реката Литани во Либан.

Во својот говор, Кац ја спореди ситуацијата со судирите во Газа, тврдејќи дека Хезболах ќе претрпи последици слични на оние што, според него, го погодија Хамас во Рафа и Бејт Ханун.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“