Уште еден американски воен авион се урна во Иран

Од:

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна во регионот на Персискиот Залив, а единствениот пилот е спасен, изјавија двајца американски функционери за „Њујорк тајмс“.

Напаѓачкиот авион А-10 Вартог се урна во близина на Ормутскиот теснец приближно во исто време кога беше соборен Ф-15Е над Иран, според функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на оперативните информации.

Њујорк тајмс забележува дека функционерите не објавиле многу детали за падот на А-10, вклучително и точно како и каде се случила.

А-10 Вартог е американски јуришен авион развиен за време на Студената војна, специјализиран за блиска воздушна поддршка на копнените сили. Неговата главна задача е да уништува тенкови, оклопни возила и други цели на земја, поради што е опремен со моќен топ ГАУ-8 од 30 мм, едно од најмоќните оружја инсталирани на кој било борбен авион.

Познат е по својот побавен лет во споредба со другите борбени авиони, но токму тоа му овозможува да работи попрецизно и да остане над бојното поле подолго време.

Она што го прави „Вортог“ особено препознатлив е неговата издржливост. Дизајниран е да преживее удари од земја, има оклопна кабина и системи што овозможуваат летот да продолжи дури и со сериозни оштетувања. Затоа пилотите често го нарекуваат „летачки тенк“.

Претходно денес беше објавено дека еден пилот е спасен откако Иран собори американски воен авион. Два американски извори за Ројтерс изјавија дека авионот бил двосед Ф-15Е и дека е во тек потрага.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека ја пребарува областа во близина на падот на авионот во југозападен Иран. Регионалниот гувернер вети награда за секој што ќе го зароби или убие пилотот.

Израелските медиуми се повикаа на израелски претставници и објавија дека еден пилот е спасен. Американската телевизија CBS News го објави истото, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Би можело да ве интересира

Американците тврдат: Го спасивме едниот пилот од соборениот авион

А1он

(ВИДЕО) Заробен е пилотот на соборениот авион Ф-15 во Иран

А1он

Иранска закана за САД: Ќе го уништиме целиот ваш имот и инфраструктурата во регионот

А1он

(ВИДЕО) Иран собори американски воен авион, пилотот се катапултираше – даваат награда за неговото заробување

А1он

ВИДЕО: Како изгледа највисокиот мост во Иран по нападот

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски