Откако беше прогласена воздушна тревога во Израел поради ирански ракетен напад, моќна детонација беше регистрирана во Стариот град на Ерусалим.
Another video shows the moment a fragment from an Iranian ballistic missile struck Jerusalem's Old City this afternoon. pic.twitter.com/qNvTXmRDr6
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) March 20, 2026
Делови од иранска балистичка ракета паднаа во Стариот град на Ерусалим откако ракетата беше пресретната од израелската воздушна одбрана, објави израелската војска.
BREAKING: Iranian ballistic missile impact reported in the Old City of Jerusalem. This comes on both Nowruz and Eid al-Fitr, with Al-Aqsa mosque closed for the first time since 1967. pic.twitter.com/iDCqjdWkTG
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) March 20, 2026
Остатоците оштетија паркинг во еврејската населба, на околу 400 метри од Западниот ѕид и комплексот на џамијата Ал-Акса на Храмовата Гора. Израелските сили ја блокираа областа на нападот и им забранија пристап на новинарите.
Едно лице е повредено во инцидентот. Палестинската Црвена полумесечина објави дека повредениот маж е однесен во болница поради рани од шрапнели.
Израелската полиција соопшти дека пиротехничари и експерти за експлозиви работат на терен за да ја отстранат опасноста и да го обезбедат подрачјето.
Нападот се случи на муслиманскиот празник Еид, еден од најсветите денови во исламот, додека сирените за ракетен напад постојано се слушале во Ерусалим во текот на денот.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот врз областа на светите места „ја покажува лудоста на иранскиот режим“, кој, како што велат, се претставува како религиозен.
