Израелска војска: Командант на иранската единица „Имам Хусеин“ убиен во Либан

Од:

Командантот на дивизијата Имам Хусеин, паравоена единица што дејствува во рамките на либанското милитантно движење Хезболах, Али Мусалам Табаја, беше убиен заедно со неговиот заменик и неколку високи команданти во израелски воздушен напад во Либан во текот на ноќта, соопшти денес израелската војска.

Началникот на Генералштабот на Израел, генерал-потполковник Ејал Замир изјави дека целта била единица на Иранската револуционерна гарда чија улога е да извршува напади врз Израел од Либан, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ова е дивизија на Иранската револуционерна гарда чија мисија е да го нападне Израел од либанска територија. Со години се обидуваме да ги лоцираме и елиминираме. Синоќа, додека тие насочуваа оган кон Израел, тие беа елиминирани за неколку секунди“, рече Замир.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“