Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Од:

Иранската војска објави дека извршила голем напад врз американските воени бази во Кувајт, додека сателитските снимки, според ирански извори, покажуваат прецизни удари врз клучни објекти во рамките на американската база Арифџан.

„Во текот на изминатите неколку часа, копнените сили на иранската армија лансираа моќен бран таканаречени скитнички беспилотни летала врз американските воени позиции во Кувајт“, се вели во соопштението објавено денес, според иранската Прес ТВ.

Во соопштението се наведува дека различни видови „деструктивни беспилотни летала“ ги таргетирале американските бази во таа држава од Персискиот Залив, во операција која, според иранската страна, претставува една од најобемните акции против американската воена инфраструктура од почетокот на војната.

Локалните медиуми во Кувајт објавија дека се огласиле сирени за воздушен напад, проследени со повеќе гласни експлозии, што укажува дека повеќе ракети погодиле области каде што биле распоредени американски сили.

Би можело да ве интересира

Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да зазема територии“

Предраг Петровиќ

Путин ѝ се закани на Украина: „Отворија Пандорината кутија“; ќе следи жесток удар

Аларм во Европа: Сè повеќе земји пријавуваат случаи на зараза

Миршајмер: Трамп размислува целосно да ја повлече поддршката за Киев

Горан Наумовски

Трагедија во Алјаска: Се урна авион, нема преживеани

Горан Наумовски

Меланија Трамп испрати порака: „Слушнав дека ви недостигав“