Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е жив и командува со иранската армија, изјави неименуван извор за новинската агенција Тасним.

Информиран извор изјави дека Врховниот лидер на Исламската револуција е во оперативниот центар (воена соба) и дека тој лично командува со операциите, според агенцијата.

Порано, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постојат многу знаци што укажуваат дека Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт.

Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад порано денес, објави „Тајмс оф Израел“.

Денес, Ројтерс ги објави тврдењата на висок израелски функционер дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, бил убиен во заеднички воздушни напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз неговиот комплекс во Техеран.

Би можело да ве интересира

Сирени за воздушен напад се огласија во делови од Техеран

Американскиот „Темен орел“ полета кон Блискиот Исток

Тирк го обвини Иран за егзекуции и тортура во време на војна

Калибаф му одговара на Трамп: Поминаа три дена, ништо не експлодираше

Горан Наумовски

Пезешкијан: Секој обид за блокада на Иран на море ќе биде осуден на неуспех

Аракчи: Иран е подготвен за разговори ако Вашингтон го промени своето однесување