ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Од:

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, стои во соопштението на ДУИ.

Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.

Имајќи го предвид високиот политички и јавен интерес за овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази, реагираат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението