„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

Од:

Во врска со денешните паушални обвинувања изнесени на принудна прес конференција на другарот Јовица Радески, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот писмен став:

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – сите други се виновни за поразите, само Венко Филипче не носи одговорност за ништо!

Денес, го принудиле другарот Јовица Радески да излезе на прес конференција само затоа што му честитавме за неговиот достоинствен настап на изборите. Барале од него да им ја докажува лојалноста. Му се извинуваме за тоа што денес мораше јавно да се срами а приватно да се извинува.

Јавно го повикуваме раководството да излезе со барем едно име и презиме кое припаѓа на „Разговорите за иднината во 12:05“ кое наводно вршело агитација против кандидатот на СДСМ во Брвеница.

Конечно, доколку од “Разговори за иднината во 12:05” зависи дали кандидатите на СДСМ победуваат тогаш ова дезориентирано партиско раководство самото признава дека мора да си замине. Ниту една принудна прес конференција не може да ја покрие вистината дека Венко Филипче е полномошникот за највалканиот политички дил во последните 35 години. Чесното членство сеʼ помасовно се срами што актуелното раководство му слугува на Христијан Мицкоски, наведувааѕ од Разговори за иднината во 12:05.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење