Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија

Од:

Планот на Европската унија со пет точки за забрзан прием на Украина претставува отворена објава на војна кон Унгарија, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој го коментираше пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на ваков план.

Според Орбан, „Политико, гласилото на бриселската елита“, ја открило најновата воена стратегија на Брисел и Киев, која, според него, е всушност пет-точкиот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Тие одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година“, изјави Орбан.

„Оваа нова стратегија е отворена објава на војна против Унгарија. Се подбиваат со волјата на унгарскиот народ и по секоја цена сакаат да ја тргнат унгарската влада од патот. Сакаат да дојде Тиса (Петер Маѓар), бидејќи тогаш веќе нема да има вето, нема да има отпор и нема да има изјаснување. Се уште можеме да го спречиме ова во април. Фидес е сигурен избор за тоа“, напиша Орбан на својот Фејсбук профил.

Унгарската влада се залага за спречување на пристапувањето на Украина во ЕУ, а Орбан го постави ова прашање во фокусот на својата кампања за парламентарните избори закажани за април.

„Политико“ претходно објави дека Брисел разработува план без преседан, кој би можел да ѝ овозможи на Украина делумно членство во блокот уште следната година. Овој план, како што го пренесе порталот врз основа на изјави од пет дипломати, три официјални лица на ЕУ и двајца украински функционери, подразбира дека „постојат повеќе начини ЕУ да го заобиколи Орбан“.

Една од опциите е Брисел да ги почека унгарските избори и да се надева дека Орбан ќе биде поразен од неговиот главен ривал Петер Маѓар, кој би зазел поинаков став кон Украина. Доколку Орбан победи, лидерите на ЕУ би можеле да побараат помош од претседателот на САД, Доналд Трамп, за да влијае врз унгарскиот премиер да го укине ветото.

Ако и двете можности не успеат, ЕУ би можела да го активира Членот 7 од Договорот како последна мерка, со што би се блокирале напорите на Унгарија да го спречи членството на Украина. Членот 7 предвидува можност за суспендирање на одредени права на земја членка, вклучително и правото на глас во Советот, доколку таа земја тешко и трајно ги прекршува основните принципи на ЕУ. Суспензијата, исто така, го исклучува правото на државата да одлучува за приемот на нова земја членка, се наведува во написот на „Политико“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го погоди и вториот важен мост во Киев

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Откриен планот на Путин, цел му се најголемите украински градови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Затворени мостови, мртви и повредени по руски напад на Киев

ВИДЕО: Украина првпат употреби сопствена балистичка ракета, Киев не открива што било цел

Катерина Ѓуровски

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски