Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ја претвора Европската Унија во дигитален гулаг, изјави основачот на Телеграм, Павeл Дуров.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека САД им забраниле на пет активисти влез во земјата поради обид за цензура на американски платформи и говорници.

Меѓу нив е и поранешниот комесар на ЕУ за внатрешен пазар, Тиери Бретон, еден од авторите на Европскиот закон за дигитални услуги.

– Авторот на европскиот закон за цензура, против кој беа воведени санкции, е близок сојузник на Макрон и самиот го воведе. Соочен со екстремно ниски рејтинзи, Макрон се обидува да ги замолчи критичарите на интернет, претворајќи ја целата ЕУ во дигитален гулаг преку цензура и масовен надзор, рече Дуров.

Би можело да ве интересира

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Над 400 училишта затворени во Франција поради протестите

Катерина Ѓуровски

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

Папата првпат после 18 години во официјална посета на Франција

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва