Зеленски предупредува: Кина и Русија подготвуваат нешто големо

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека побарал од Службата за надворешно разузнавање на Украина внимателно да ја следи соработката меѓу Москва и Пекинг, особено кога станува збор за сите аспекти поврзани со националните интереси на Украина.

Зеленски напиша на својот X профил дека добил извештај од шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко, во кој се дадени многу детали за економската состојба во Русија, а во кој особено се нагласува „зависноста на руските компании и државниот систем од кинеските инвестиции, технологии и политички приоритети“.

„Забележуваме растечки тренд на опаѓање на суверенитетот на делови од руската територија во корист на Кина, првенствено делови од земјата богати со ресурси, како и трговски врски со Кина. Забележавме дека Кина презеде чекори за зголемување на соработката со Русија, вклучително и во воено-индустрискиот сектор. Партнерските служби имаат слични информации“, рече Зеленски, додавајќи дека затоа побарал поблизок мониторинг на односите меѓу Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина