Медиуми: САД му сигнализираа на Зеленски дека Киев мора да се откаже од Донбас

Од:

САД му сигнализираа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев мора да прифати рамка подготвена од САД за завршување на војната со Русија, во која се предлага Украина да се откаже од територија и дел од оружјето, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата, додека американскиот портал Аксиос објави дека планот на САД бара Украина да се откаже од целата територија на Донбас.

Според извештајот на Аксиос, сегашниот нацрт што се развива меѓу Вашингтон и Москва се фокусира на 28 точки, вклучувајќи безбедносни гаранции за Украина и Европа, како и идните односи на САД со Русија и Украина.

Планот на Трамп од 28 точки бара Русија да добие целосна де факто контрола врз регионите Луганск и Донецк, регион познат како Донбас, и покрај тоа што Украина сè уште контролира околу 14,5 проценти од територијата таму, според најновата анализа на Институтот за проучување на војната.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат