Нетанјаху: Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас

Од:

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас и ќе продолжи да го почитува и исполнува својот дел од планот, откако висок функционер од палестинската милитантна група изјави дека Хамас не може да се обврзе на разоружување.

„Хамас треба да ги ослободи сите заложници во првата фаза. Тоа не го стори. Хамас знае каде се телата на нашите заложници. Хамас треба да биде разоружан според овој договор. Без „ако“ и без „но“. Тие не го сторија тоа. Хамас мора да се придржува до планот од 20 точки. Времето им истекува“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, според Ројтерс.

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп од 29 септември бара Хамас веднаш да ги врати сите заложници пред да се обврзе на разоружување и да ја предаде контролата врз Појасот Газа на технократски одбор надгледуван од меѓународно транзициско тело, пренесува Танјуг.

Нетанјаху го поддржа планот, велејќи дека тој ќе ги демонтира воените капацитети на Хамас, ќе го заврши неговото политичко владеење и ќе обезбеди Појасот Газа „никогаш повеќе да не претставува закана за Израел“.

Сепак, договорот за прекин на огнот потпишан во Шарм ел Шеик на 9 октомври од страна на израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер, Хамас и медијаторите не го опфаќа разоружувањето на Хамас, ниту бара од групата да ги ослободи сите починати заложници пред Израел да ги ослободи палестинските затвореници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел

Израел: Воената операција во Либан може да трае со години