Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги предупреди Соединетите Држави и Израел, наведувајќи дека нивните претходни обиди да ја „завршат работата“ против Исламската Република само го направиле Иран посилен. Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор.

„Последниот пат кога сакавте да ја ‘завршите работата’, Иран излезе од тоа уште посилен. Сакате повторно да си ја пробате среќата? Само повелете. Но, внимавајте – и ние имаме нерасчистени сметки“, напиша Аракчи синоќа на мрежата X.

Според него, Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши зад решетки, „без оглед на последиците за Израел – а камоли за претседателот на САД“.

Овие изјави доаѓаат во момент кога Нетанјаху – кој е баран од Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото – продолжува да инсистира на понатамошна воена конфронтација со Иран, додека истовремено се соочува со растечки правни проблеми во земјата и политичка криза, пренесува иранскиот медиум „Прес ТВ“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор